ПСЖ го контактирал Мурињо?

Фото: EPA-EFE/Anna Szilagyi

Според последните информации кои ги објави „Footmercato“, Пари Сен Жермен стапил во контакт со Жозе Мурињо.

Наводно спортскиот директор, Луис Кампос веќе го контактирал португалскиот стратег и му го претставил проектот на клубот. ПСЖ е лидер во првенството со пет бода пред Марсеј, но она што најмногу ги мачи катарските сопственици е Лигата на шампионите.

Како што стоајт работите во тоа нема да успее ниту Кристоф Галтие. ПСЖ во првиото сминафинален натпревар изгуби дома од Баерн со 1:0 и сега го чека тежок реванш во Минхен.

„Претседателот Насер Ал Келаифи сака промени. Галтие ја изгуби довербата во соблекувалната бидејќи не успева да пронајде начин како да го разбуди тимот. Нивниот најголем сон е Зинедин Зидан, но не би имале ништо против тоа да биде и Мурињо кој и претходно често се поврзуваше со овој клуб“, пишува „Footmercato“.

Мурињо има договор со Рома до 2024 година и засега е задоволен, меѓутоа со понуда од Париз би добил можност да го има еден од најголемите предизвици во неговата богата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот