ПСЖ елиминиран од Купот на Франција, херој е голманот на Ница кој е позајмен токму од „светците“

Фудбалерите на Ница го изненадија фаворизираниот ПСЖ/ фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерите на ПСЖ се елиминирани во осминафиналето на Францускиот куп откако пред своите гледачи на „Паркот не принцевите“ загубија од Ниц и тоа по подобро изведување на пенали со 6:5.

Херој на Ница е голманот Марцин Булка, кој е позајмен токму од ПСЖ. Тој во пенал серијата ги одбрани пеналите на Паредес и на Симонс и ја однесе Ница во четвртфиналето.

Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, иако тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино на теренот изнесе силен тим со Меси, Икарди и Дракслер во нападот. Во второто полувреме, во игра влезе и Мбапе.

Во пенал рулетот,  двата тима имаа по едно промашување во првите пет серии, по што погодија во шестата. Во седмата, Данте со „паненка“ го совлада Донарума, по што Булка го одбрани шутот на Чави Симонс и ја однесе Ница во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот