„Пржи“ дронови во лет: Американската морнарица го доби своето најсилно ласерско оружје(ВИДЕО)

Американските вооружени сили објави снимка од тестирањето на најновото ласерско оружје наменето за уништување на наведувани уреди без екипаж и беспилотни летала.

Тестовите биле спроведени на 16-ти мај, во водите Тихиот Океан. Ласерот бил инсталиран на палубата на десантно-транспорниот брод „USS Portland“, кој се наоѓал недалеку од пристаништето Перл Харбор.

Командата на американската Пафицичка флота прецизира дека војската го тестирала ткн систем за тврдотелно ласерско оружје (Solid State Laser Weapons System Demonstrator).

Од кадрите се забележува дека инсаталцијата е поставена на прамецот на бродот. Потоа се гледа светол зрак кој не е насочен нагоре, туку кон површината на водата. На следните кадри се гледа запалено беспилотно летало.

Американската армија постојано изедува тестирања на ларско оружје, но како што се посочува ова е првпат тоа да биде тестирано против дрон на море. Морнарицата на САД моментално развива и тестира системо на високо-енергетско ласерско оружје, од кои некои се помоќни, но само погодни за бродови со поголеми можности за производство на електрична енергија, како амфибиски транспортни пловила, од класата LPD-17.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот