Прво појавување во јавност за принцот Ендрју по повлекувањето од кралските должности

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Војводата од Јоркшир денес првпат беше виден во јавноста, откако објави дека ќе се повлече од кралските должности поради скандалот и поврзаноста со починатиот милионер и обвинет сексуален престапник Џефри Епстајн, пренесе Би-Би-Си.

Принцот денес е фотографиран како излегува од неговиот дом во Виндзор, Беркшир.

Принцот Ендрју вчера се повлече од своите кралски должности поради тоа како што вели тој, поврзаноста со сексуалниот престапник Епстајн станала „преголем товар“ за кралското семејство.

Тој изјави дека се повлекува од официјалната функција на „неодредено време“. Главната причина за овој чекор на Ендрју е интервјуто кое тој го даде за Би-Би-Си, поради кое се појавија силни реакции во јавноста.

Во контроверзното интервју, тој рече дека го запознал Епстајн преку неговата девојка во 1999 година.

Принцот Ендру за Би-Би-Си категорично ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба во време кога била малолетна. Таа тврди дека тоа се случило трипати во 2001 и 2002 година кога имала 17 години – во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн во американските Девствени Острови.

-Тоа не се случи. Јас категорично можам да ви кажам дека такво нешто не се случило, изјави принцот Ендру, истакнувајќи дека не се сеќава дали некогаш ја сретнал неа.

Во меѓувреме, повеќе организации објавија дека ги прекинуваат врските со Војводата од Јоркшир, а меѓу нив се Универзитетот од Хадерсфилд, Асоцијацијата на туристички атракции, како и компаниите Бритиш Телеком и компанијата за финансиски услуги Барклејс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот