Први случаи на деца заразени со коронавирусот регистрирани во скопски училишта

Ученици во скопско училиште / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Три случаи на деца позитивни на коронавирусот се регистрирани во две скопски училишта по првиот школски ден, објави телевизија Сител.

Првиот случај е забележан во основното училиште „Ѓорѓија Пулески“ во општината Аеродром, кај ученичка од петто одделение, која има позитивен тест, по што целиот клас ќе оди во 14-дневна изолација, откако е направена епидемилошка анкета со другите ученици.

Два други случаи се регистрирани во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, кај ученици од деветто одделение, кои имале симптоми на болеста. Според директорот на училиштето, едното дете веќе има добиено позитивен тест и неговите соученици ќе одат во изолација, додека за второто дете се уште се чекаат резултати од тестирањето, објави Сител.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот