Прв телефонски разговор на шефовите на тимовите за трговски преговори меѓу САД и Кина

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека шефовите на тимовите за трговски преговори меѓу САД и Кина имале прв телефонски разговор од почетокот на мандатот на новиот американски претседател на Џо Бајден.

– Претставникот на САД за трговија Кетрин Таи и кинескиот вицепремиер Лиу Хе имаа искрен, прагматичен и конструктивен разговор, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението не се наведени детали за содржината на разговорите и развојот на трговијата, ниту дали ќе бидат повлечени царините воведени од администрација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Според соопштението двете страни се согласиле да продолжат со комуникацијата, а првиот телефонски разговор се одвивал со „меѓусебно почитување”. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот