Протугер: До изнаоѓање вакцина, животот во Австрија ќе има т.н. нова нормала

-Во Австрија до утрово има вкупно 8788 случаи на инфицирани со Коронавирусот, а бројот на смртни случаи е 96. Растот варира од ден на ден, но не е поголем од 14%. Вo последните десет дена стапката беше најниска. Но министерот за здравство објави дека пикот на заразата се очекува кон средината на април и средина на мај, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ од Виена, новинарката Ида Протугер.

Иако мерките за ограничување завршуваат на 14-ти април, сепак прогнозите се дека ситуацијата нема да биде поразлична од оваа сега.

-Мерките на ограничување на движење се до 14 април, но кацеларот Курц изјави дека и по Велгден ситуацијата ќе наликува повеќе на сегашната отколку на нормалната и со тоа ги намали очекувањата на дека по 14 април животот може да се врати во нормала. Исто така, властите велат дека до изнаоѓањето на инфективен лек или вакцина ќе има т.н нова нормала, значи животот нема да се врати во нормала се додека не се најдат потребните медикаменти, вели Протугер.

Австријците се придржуваат до мерките за ограничување на движењето.

-Движењето во Виена е ограничено на најмногу 5 лица и тие мора да бидат од исто семејство, исклучиво за да се набави, храна, да се прошета миленик. Австријците се дисциплинирани и сите ги почитуваат мерките, додава Протугер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот