Протестантите во Алжир го принудија Бутефлика на оставка

фото EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Претседателот на Алжир, Абделазиз Бутефлика денеска изјави дека ќе поднесе оставка пред истекот неговиот четврти мандат, 28 април.

Во краткото соопштение од претседателскиот кабинет се наведува дека Бутефлика ќе преземе „важни чекори за да обезбеди континуитет во функционирањето на државните институции” во текот на преодниот период по неговата оставка.

Милиони Алжирци секоја недела протестираат барајќи оставка од Бутефлика, кој е на власт од 1999 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот