Протест на Зелен хуман град пред Обвинителството: Да се запре коруптивниот проект „Гранд Скопје“

Фото: „Слободен печат“, Борјан Бојчев

Движењето Зелен хуман град денеска организираше мирен протест пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје, повторно изразувајќи револт поради проектот за изградба на висококатници на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин”.

Фото: „Слободен печат“, Борјан Бојчев

Од Зелен хуман град велат дека проектот планиран во центарот на Скопје е нелегален и оти станува збор за корупција во надлежните органи.

-Од мај годинава досега тие немаат никакво известување за јавноста односно никаков напредок во предметот. Ако сакаме да спречиме корупција, ако сакаме да спречиме злоупотреба и оштетување на граѓаните во оваа земја, едноставно не може органите на државата да постапуваат на овој начин и да ги штитат инвеститорите. Не смеат да го штитат крупниот капитал, а да работат на штета на скопјани. Оваа власт наводно се бореше против Скопје 2014, но изгледа за да може да ни го сервира Скопје 202, рече Драгана Велковска од Зелен хуман град.

Драгана Велковска / Фото: „Слободен печат“, Борјан Бојчев

„Актуелната централна власт тврдеше дека е против градењето и против проектот Скопје 2014, но со нив добивме Скопје 2021”, додаде Велковска.

Фото: „Слободен печат“, Борјан Бојчев

„Ако се изградат тие згради, центарот на Скопје ќе стане најгусто населен простор во светот”, рекоа учесниците на денешниот протест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот