Протекоа личните податоци за половина милијарда корисници на Фејсбук

Фејсбук/Фото: EPA/RITCHIE B. TONGO

На Интернет денеска се појавија личните податоци на над половина милијарда корисници на Фејсбук и уште еднаш укажаа на тешкотиите што оваа компанија ги има со складирањето на чувствителните информации, пренесе Блумберг.

На Интернет денеска се појавија личните податоци на над половина милијарда корисници на Фејсбук и уште еднаш укажаа на тешкотиите што оваа компанија ги има со складирањето на чувствителните информации, пренесе Блумберг.

Американската агенција наведува дека информациите што протекоа ги вклучувале телефонскиот број, идентификацијата на Фејсбук, целосното име, локација, претходни локации, датум на раѓање, е-пошта, приватен статус и биографија.

-Чувствителните лични податоци се појавија на хакерски форум, претставувајќи потенцијален ризик за милиони трговци со криптовалути и луѓе кои сега можат да бидат ранливи на разни напади преку Интернет, вели Алон Гал, технички директор на фирмата за безбедност „Хадсон Рок”, кој овие информација ги објави претходно денеска на Твитер.

Гал тврди дека протекувањето на податоците е поврзано со безбедносна грешка, што за првпат била откриена во 2019 година, а во јануари 2021 година било утврдено дека хакерите, исто така, можеле да ги користат информациите за пристап до телефонските броеви на корисникот.

Според Гал, информациите сега можат да бидат корисни за хакерите за разни видови измами, како и за да им служат на маркетинг цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот