Просечната плата во Србија во декември ќе биде 840 евра

Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

– Се очекува просечната плата во декември да достигне 840 евра, додека во октомври платите ќе бидат зголемени за 5,5 отсто во однос на август, изјави за РТС министерот за финансии Синиша Мали, потсетувајќи дека во 2012 година просечната плата во Србија била 331 евро.

Според него инфлацијата се смирила и таа ќе биде осум проценти, додавајќи дека се штити стандардот на граѓаните и се води сметка граѓаните да не се загрижени за поскапувањата.

Главната цел на вишокот пари во буџетот ќе биде зголемување на платите и пензиите и подобрување на животниот стандард на српските граѓани.

– Нема земја што ги зголемила пензиите до тој степен. Во наредната година просечната пензија ќе изнесува 390 евра, изјави Мали.

Како што истакна, тоа значи дека просечната плата до крајот на 2025 година ќе биде 1.000 евра, а пензиите ќе бидат меѓу 430 и 450 евра.

Тој се осврна и на минималната плата, велејќи дека предлогот на српската Влада е следното зголемување да биде 17,8 отсто, што би било највисокото зголемување на минималната плата досега. Како што рече, тоа би било повеќе од 400 евра или 47.154 динари.

Мали се осврна на уште една важна точка од ребалансот, капиталните инвестиции, велејќи дека 7,2 отсто од БДП ќе бидат насочени кон капитални инвестиции и дека во овие тешки услови не е лесно да се води економска политика, како и да Србија го одржува јавниот долг на 50, 8 отсто учество во БДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот