Промоција на книгата „Љубовните писма на Шарла“ ќе се одржи во „Буква“

Насловна корица на книгата

Во дворот на кафе-книжарницата „Буква“ на 10 октомври, со почеток од 18 часот, ќе се случи промоција на долгонајавуваната книга „Љубовните писма на Шарла“ од Давид Ангелевски.

Станува збор за збирка текстови, еден вид книжевни илустрации на музичките изданија кои излегуваа за независната музичка издавачка куќа „Шарла Рекордс“ во периодот од 2013 до 2023 година.

Сместени во широк жанровски опсег, од критички опсервации на актуелните општествено-политички текови, до кратки книжевни форми кои спаѓаат во жанрот фикција, овие писанија го сведочат контекстот и околностите во кои се создаваа музичките дела.

Целта на истите беше да го испровоцираат вниманието на пошироката јавност и низ призмата на нивната содржина да понудат уште една перспектива кон музичкото доживување на овие остварувања.

Книгата изобилува и со фотографии од разни настани организирани од „Шарла Рекордс“, како и извадоци од интервјуа и текстови на песни со кои се заокружува и документарната функција на оваа книга посветена на десетгодишнината од постоењето и работата на овој независен музички издавач.

Целиот издавачки зафат е реализиран во соработка со независниот книжевен издавач „АШ“ без било каква финансиска поддршка од државни институции или спонзори.

Промоцијата е замислена како целовечерно неформално дружење со музичката, но и книжевната публика на кои оваа книга подеднакво им се обраќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот