Променливо време и сезона на вируси, што да се преземе? Ефикасна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусните инфекции

Фото: Промо

Променливото време повторно ја отвори сезоната на вирусни инфекции. И токму тогаш кога помисливме дека ја надминавме ковид-пандемијата, се соочуваме со нови вирусни мутации. Што да се преземе?

Во изминатиот период, за време на корона-кризата па сè до денес, едно од најпоставуваните прашања беше како човечкиот организам да се бори со вирусните инфекции. Антиоксиданси или антибиотици беше дилемата кај многу лекари во процесот на лекување на пациентите особено за време на пандемијата.

Мултидисциплинарниот истражувачки тим од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Институт за имунобиологија и хумана генетика и Институт за претклиничка и клиничка фармакологија од Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, изработи ин виво научно истражувачка студија насловена „Антиоксидантски и антиинфламанторни ефекти од користење на Ge 132+ Natural при вирусни инфекции“, а за модел беше користен вирусот на САРС Ков 2. Опсервациската студија беше спроведена од ноември 2021 до февруари 2022 година, со цел да се утврди ефектот на Ge 132+ Natural врз стрес маркерите и инфламаторните цитокини IL 6, IL 8 и TNF-a на повеќе од 30 заразени пациенти со средно тешка клиничка слика, а контролната група од 15 пациенти со иста клиничка слика не беа третирани со препаратот.

Фото: Промо

Лабораториските тестови кај пациентите заразени од вирусот ковид-19, покажаа абнормалности поврзани со т.н. цитокинска бура, која се презентира со зголемени вредности на CRP, фертилин, брадикинин, интерферон гама, тумор некротички фактор, интерлеукини 6 и 8 и висок сооднос на NLR и енормен пад на железото во крвта. Цитокинската бура доведува до хиперкоагулација на малите крвни садови што доведува до оштетување на ткивото како и системското откажување на виталните органи. Оваа состојба е придружена со зголемено ниво на системски оксидативен стрес OSI, кој е тригер фактор за многу хронични болести. По завршувањето на третманот со антиоксидантот Ge 132+ Natural, резултатите покажаа дека се намалуваат индексот на оксидативниот стрес, OSI, за двапати, а параметрите на инфламација, т.е. воспалителните процеси, IL 6 и IL8, за 3 до 6 пати.

Презентираната студија покажа дека дневното користење на актиоксидантот Ge 132+ Natural во текот на вирусни инфекции, вклучително и ковид-19 е ефикасна и потентна терапија која обезбедува редокс рамнотежа во организмот и го јакне имунолошкиот систем, особено кај пациенти со хронични болести како дијабетес, кардиоваскуларни и белодробни заболувања и кај оние со најтешки дијагнози кои се под константен системски оксидативен стрес. Етичкиот комитет на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје ја одобри оваа студија под број No 03-4731/6.

Клиничката студија изработена „ин виво“ (на пациенти) докажува дека граничниот производ GE132+Natural, помага не само во одбрана на организмот од вируси, туку помага и во побрзо оздравување.

Студијата е објавена во реномираниот научноистражувачки портал Sciencedirect.com. Компанијата „Интернешнал хелт“ (International Health), благодарение на истражувањето ја докажа можноста за побрзо закрепнување во случај на вирусни инфекции. Иако истражувањето се однесуваше на еден од најпознатите вируси на денешницата, ковид-19, добиените резултати се применливи на сите видови вируси вклучувајќи ги и оние најчестите – вируси што предизвикуваат настинка и грип.

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот