Производството и услугите во сивата економија „тежат“ 2,5 милијарди евра

Во 2020 година, учеството на сивата економија во бруто домашниот производ (БДП) било 23,2 проценти, покажува истражувањето што го спроведе Институтот за економски политики и развој „Фајненс тинк“. Таа година, како што објави Државниот завод за статистика, БДП бил 10,8 милијарди евра, што значи дека во неформалниот сектор биле создадени 2,5 милијарди евра.

Презентирајќи ги резултатите од истражувањето, Бојан Србиноски рече дека во изминативе години има значително намалување на процентуалниот удел на сивата економија во бруто домашниот производ, но се уште голем дел од производството и услугите се дел од неформалното работење.

– Во 2006 година, неформалната економија изнесувала 31,6 отсто од БДП, а во 2020 година била 23,2 проценти. Најшироката дефиниција за неформалната економија вклучува апроизводство на добра и услуги кои се скриени од окото на државата поради монетарни, регулаторни и институционални причини. Во суштина, многу е тешко тоа да се измери и постојат различни методи, а ова истражување и овој пдаток се базира на „методот на побарувачка на готовина“, па она што се јавува како вишок на готовина во државата, се смета за неформална економија – објаснува Србиноски.

Тој вели дека не секогаш сивата економија има негативни последици.

– Неформалноста овозможува флексибилност во вработувањата, во однос на локација, менаџирање со ресурси. Дополнително, неформалната економија создава вработеност, посебно во време на кризи, а тоа се виде во време на пандемија. Од друга страна, негативните последици се многубројни. Фирмите не можат да имаат пристап до финансии, а работниците до социјалните услуги и се соочени со несигурност. Големата сива економија може да доведе и до несоодветни статистики при водење на политиките – вели Србиноски.

Причините за сивата економија лежат во нискиот даночен морал, во корупција и во структурни фактори кои водат до ниска продуктивност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот