Проф.Трајковски: Се формира и врвот на бројот на смртни случаи, населението да извлече поука додека сé уште има време за вакцинирање

Дејан Трајковски /Фото: Архива на Слободен печат

Веќе се формира и врвот на бројот на смртни случаи, тоа е жолтата линија на првиот дијаграм. Денешниот рекорден број на починати е резултат на високиот број на дијагностицирани (1.250) минатата недела, вели во својата нова ковид анализа проф.Дејан Трајковски.

-Патем кажано, врз основа на вчера пресметаното средно време од дијагностицирањето до смртниот исход (7 дена), сега можеме поточно да ја пресметаме средната стапка на леталитет во четвртиот бран (летниот бран на Делта сојот) и истата изнесува околу 3,08% (450 починати од 14.615 дијагностицирани 7 дена претходно). Вака работите доаѓаат на своето место, односно сепак, благодарение на вакцините (колку и да се вакцинирало слабо во северозападна Македонија), леталитетот е намален од претходниот просек од 3,52%. Можело да биде и многу подобро, ако се вакцинирале повеќе, но што е – тука е, барем населението да извлече поука за есенскиот бран, додека сé уште има време за вакцинирање.

Да заклучиме, доколку никој не бил вакциниран минатата недела би починале 304, доколку сите биле вакцинирани би починале 40. Тоа би било намалување од 86,7%, колку што изнесуваше ефективноста против смртен исход минатата недела. Вака, со делумна вакцинираност починале 166, некаде на средина од тој интервал помеѓу 40 и 304.
Голем број од вакцинираните коишто влегле во болниците и излегле живи (разликата од 21 до 159, односно 138 лица) животот и го должат на вакцината. Од оние 145 невакцинирани, ако се вакцинирале би умреле само 19, односно би биле спасени 126, но одлуката да не се вакцинираат ги чинела живот, напиша Трјаковски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот