Проект на „Сименс“ ги налути германските климатски активисти

Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Околу 300 активисти за заштита на животната средина се собраа во Минхен пред салата во која се одржува годишниот собир на акционери на фирмата „Сименс“, за да протестираат против еколошки спорен проект на оваа компанија во Австралија, пренесе хрватски „Индекс“.

– „Сименс“ ги поддржува климатските криминалци – стои на транспарентите на демонстрантите на собирот пред салата во Минхен.

Демонстрантите со огранизирање на „човечки ланец“ на моменти спречија влез во салата.

Протестот беше организиран од организациите како „Fridays for Future“, „Greenpeace“ и „Extinction Rebellion“.

Организаторите на собирот веќе со месеци од „Сиемнс“ бараат отстапување од проек за опремување на железнички пруги за една спорна локација кадешто се ископува јаглен во Австралија, сметајќи дека тие не треба да учествуваат во проекти кои ја загрозуваат глобалната климатска цел за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

„Сименс“ на индиската компанија „Адани“, која во Австралија ја гради една од најголемите локации за ископување на јаглен во светот, испорачува сигнализација за железничка пруга по која јагленот би бил пренесуван до пристаништето Абот Поинт, откаде би се пренесувал во Индија.

Спорниот проект, од кој во меѓувреме делумно се дистанцираше и австриската влада, наиде на голем отпор од луѓето кои се борат за заштита на животната средина, поради тоа што со проектот се загрозуваат природните резервати и Големиот корален гребен.

Шефот на управата на „Сименс“ Џо Кајсер испораката на сигнализацијата ја оправдува со обврски од договор, но истовремено нагласува дека компанијата „брзоплето“ ја прифатила оваа понуда, вредна 18 милиони евра, како и дека денес не би прифатиле учество во овој проект.

Кајсер ги критикуваше и демонстрантите, тврдејќи и дека доколку „Сиеменс“ не ја испорачаат сигнализацијата за индиската компанија, тоа не би го запрело проектот за спорниот рудник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот