Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница, ќе бидат сослушани нови сведоци

Тетово, 9 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Во Основниот суд во Тетово денеска во 11 часот ќе продолжи судскиот процес за пожарот во модуларната болница, а ќе бидат сослушани нови сведоци кои се повикани на барање на адвокатите на обвинетите.

Минатато рочиште на 21 март сослушани беа универзитетските професори кои во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење во писмена форма, како и две медицински сестри, ангажирани во модуларната болница.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот