Продолжува судењето против Рашковски, изведени материјални докази од одбраната

Драги Рашковски
Драги Рашковски / Фото: МИА/Јован Димоски

Со изведување на материјални докази од одбраната денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжува судењето против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, кој заедно со уште шест лица се товари за нелегална набавка на софтвер.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Маја Конеска.

По изведувањето на материјалните докази од одбраната, на предлог на одбраната на Драги Рашковски, тој ќе биде испитан и ќе даде исказ пред Судот.

Судот на почетокот на денешното рочиште информираше дека донел одлука за прифаќање на барањето на Обвинителството за одредување привремена мерка – забрана на обвинетиот Драги Рашковски за располагање со средства во висина од 700 илјади денари, од сметката на име на неговото малолетно дете. Овие средства биле обезбедени од почетокот на постапката, но како орочени и по истекот тие биле префрлени од девизна, на денарска сметка.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот