Продолжи судењето на Бјелогрлиќ за физичкиот напад врз Антонијевиќ: Режисерот призна дека го грабнал и бутнал актерот на под

Драган Бјелогрлиќ и Предраг Гага Антонијевиќ / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Продолжува судењето на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ за физичкиот напад врз режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, кој се случи во август 2021 година. Антонијевиќ вчера сведочеше во Првиот основен суд во Белград и првпат призна дека и тој скокнал врз Бјелогрлиќ, пренесува „Нова.рс“.

Антонијевиќ детално го опиша инцидентот, тврдејќи дека Бјелогрлиќ физички го нападнал, му упатувал сериозни закани и го пцуел.

„Откако ме удри во пределот на левото око, продолжи да ме навредува и да ми се заканува. Му пријдов, го фатив и паднавме на подот, по што се гушкавме на подот. После тоа , нè разделија“, рече Антонијевиќ на суд.

По судењето со медиумите зборуваше  адвокатот Југослав Тинтор.

„Денеска Антонијевиќ три часа одговараше на нашите прашања. Детално го анализиравме настанот и конечно излезе на виделина важното – дека тој не бил жртвата како што се претставувал, туку дека во еден момент и самиот го нападнал Бјелогрлиќ. Во случајов тоа дава нова димензија и покажува дека се работи за меѓусебна пресметка, а не како што беше претставено дека Бјелогрлиќ го тепал Антонијевиќ кој само се бранел. Тој денеска потврди дека го грабнал Бјелогрлиќ, што е прво јавно признание на наводната жртва Гага Антонијевиќ“, вели адвокатот.

За потсетување, судењето започна на крајот на март 2022 година, а Бјелогрлиќ тогаш се изјасни за невин. Неговите адвокати Горан Драганиќ и Југослав Тинтор изјавија дека нивниот клиент не го сторил кривичното дело за кое е обвинет и дека тоа ќе го докажат.

Одбраната на Бјелогрлиќ нагласи дека по инцидентот во хотелот, актерот дал изјава во полиција, а потоа бил пуштен, а следниот ден бил пречекан од наслови на таблоидите со наводи кои тие ги сметаат за неточни, тврдејќи дека „го нападнал Антонијевиќ од зад грб“.

По инцидентот Бјелогрлиќ изјавил дека физички го нападнал режисерот, бидејќи Антонијевиќ го испровоцирал. Од друга страна, Антонијевиќ рече дека Бјелогрлиќ го нападнал затоа што го обвинил за корупција, но му пречел и филмот „Дара од Јасеновац“, за кој смета дека воопшто не требало да се снима.

Продолжува судењето на Драган Бјелогрлиќ за физичкиот напад на режисерот Антониевиќ

Почна судењето на Драган Бјелогрлиќ за физички напад на Предраг Гага Антонијевиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот