Продажбата на вино во Германија падна за 10 отсто

Фото: Pexels

Германските потрошувачи потрошиле значително помалку пари за купување вино минатата година бидејќи трошоците за живот во земјата продолжуваат да растат. Минатата година приватните домаќинства потрошиле 10 отсто помалку пари за купување вино на сите продажни места во земјава, објави германскиот институт за вино со седиште во Дизелдорф во пресрет на саемот „ПроВајн“ од 19 до 21 март.

Анализата на „НилсенАјКју“ покажува дека намаленото купување резултирало со пад на продажбата од 6,5 отсто. Количината на консумирано вино надвор од домот, во ресторани или на други настани не е вклучена во споменатата статистика.

Институтот за вино објави дека за вината со потекло од Германија, просечната малопродажна цена пораснала на 4,18 евра за литар во 2022 година, што е зголемување за 26 центи или 6,6 отсто во споредба со 2021 година.

Зголемувањето на цената, меѓу другото, се должи и на значително повисоките трошоци што треба да се издвојат за шишиња, амбалажа, логистика и плати на персоналот. Но, просечната цена на виното од странство во 2022 година порасна помалку нагло, односно за 7 центи или нешто помалку од 2 отсто, на 3,64 евра за литар.

Неподготвеноста на потрошувачите да купуваат е особено забележлива кај вината со потекло од Германија. Продадените количини на домашно вино паднале за 14 отсто, а продажбата за 8 отсто. Кај вината увезени од странство, откупната количина е помала за 7 отсто, а расходите за 5 отсто.

Кога станува збор за увозот, италијанските вина сè уште се во водство со учество од 16 отсто, што е за еден процент помалку во однос на претходната година, а потоа следат вината од Шпанија со 14 отсто, со пораст од два процентни поени и францускиот вина со 11 процентни поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот