Признание за македонскиот ФИБА делегат Петар Денковски на финалето на кошаркарскиот Еврокуп

фото: kfsm.mk

Македонскиот ФИБА делегат Петар Денковски ќе го контролира мечот за трофејот, Галатасарај (Турција) – Асвел (Франција) кој ќе се игра во Истанбул. Денковски добива уште едно големо признание во својата сега веќе делегатска интернационална кариера.

Имено еден од нашите официјални лица со беџот на светската кошаркарска организација-ФИБА, ја доби честа, односно улога на ФИБА-инструктор на финалниот натпревар од Еврокупот во женска конкуренција.

Дуелот кој ќе се игра на 12 април ќе одлучи која од двете екипи финалисти, домаќинот Галатасарај и Асвел од Вилербан ќе го освои пехарот во ова европско клупско натпреварување.

Ова е и највисоката официјална номинација од ФИБА за еден наш официјален претставник во европските клупски натпреварувања не само во оваа сезона. А во исто време и едно големо признание и за македонската кошаркарска федерација.

Инаку Денковски, како ФИБА-инструктор, ќе ја контролира работата на официјалните лица на оваа средба, односно судиите Паоло Маркес (Португалија), Гизела Гиорги (Норвешка) и Бенџамино Мануел Атард (Италија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот