Приведени тројца дрвокрадци од неготинско, пронајдени 28 метри кубни огревно дрво без документација

Фото: МВР

На место викано „Бела Вода“, атар на неготинското село Калањево, вчера во 17.30 часот полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од село Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, информираа денеска од МВР, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.

За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот