Приведени тројца битолчани, му се заканиле со пиштол на сограѓанин пред неговата фабрика

Полициска станица Битола/Фото: В.М.Мл.

Вчера, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода битолчаните со иницијали Д.Т. Љ.Т. и С.Т.

Приведените, по претходна расправија, со пиштол му се заканиле на нивниот сограѓанин со иницијали Л.М. во кругот на неговата фабрика во битолското село Кременица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од Секторот за внатрешни работи Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот