Приведен тинејџер кој бил затекнат додека крадел од „бмв“

Полиција / Фото: МИА

Тинејџер на 18 годишна возраст бил приведен откако бил затекнат при кражба на „Бмв“.

„Денеска околу 05.30 часот во Скопје, во трговски центар на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Ј. од Скопје“,информираат од МВР.

Одземеното било пронајдено, како и предмети со кои го извршил делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот