Приведен крадец од Скопје, украдените предмети вратени на сопственикот

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

Службеници од Полициската станица Карпош вчера во Скопје го лишиле од слобода Б.А. (21) од село Ласкарци, Општина Сарај, поради тоа што во 17.45. часот извршил тешка кражба во продажен објект во трговски центар.

Украдените предмети му биле одземени и вратени на сопственикот, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Осомниечнот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик за „тешка кражба”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот