Приведен гостиварец за кражба во угостителски објект

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Полицијата утрово го лиши од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чергане, осомничен за кражба во угостителски објект од каде одземал пари и производи.

Денеска (04.04.2023) околу 04:30 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека претходно извршил тешка кражба во угостителски објект на улица „Гоце Делчев” во Гостивар, при што одзел пари и производи, велат од МВР.

З.С. бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот