Пристигнува помош од европските држави за Албанија

Повеќе држави од Европа и регионот се подготвени да и помогнат на Албанија во санирањето на последиците од серијата земјотреси, а во Албанија веќе пристигнаа 52 лица за вонредни ситуации од Романија и 40 припадници на косовските безбедносни сили.

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека помош за Албанија доаѓа од Италија, Грција, Франција, Турција, Србија, Црна Гора и Косово.

Македонскиот премиер Заев информира дека и од РСМ веќе се испратени тимови за спасување, а дадена е насока до најблиските региони како Охридско-струшкиот и Кичевскиот да испратат механизација. Подготвени се и лекарските тимови и противпожарните служби кои исто така ќе бидат испратени доколку има потреба.

Албанскиот портал „Јава њуз” објави дека авионот со 52 припадници на романските специјални единици за вонредни ситуации пристигнал во Тирана, за да и помогне на Албанија во санирањето на последиците.

Командантот на Косовските безбедносни сили Тахман Рама потврди дека пропадници на КБС веќе се во Албанија за да помогнат во санирање на последиците од портресите.

Рама рекол дека КБС се подготвени да исшратат и дополнителен број припадници ако има потреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот