Фото: Инстаграм

Пристигнаа резултатите од обдукцијата: Утврдено од што починал Видое Ристовиќ

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград е извршена обдукција и хемиско-токсиколошка анализа за да се утврдат причините за смртта на покојниот Видоe Ристовиќ, пишува српски „Курир“.

Со комисиско вештачење на Институтот за судска медицина, Медицински факултет во Белград, е утврдено дека смртта на Ристовиќ настапила на 8 мај 2022 година во 00:22 часот поради воспаление на срцевиот мускул, најверојатно од вирусно потекло.

Хемиско-токсиколошката анализа утврди дека Ристовиќ во моментот на смртта бил во состојба на тежок алкохолизам со 2,83 промили алкохол во крвта. Утврдено е и дека консумирал лекови од групата седативи, а кои не биле во токсична концентрација, односно не биле во концентрација којашто би можела да предизвика смрт.

Со аналиизите не е откриено присуство на наркотици и други недозволени психоактивни супстанции (кокаин, хероин, амфетамини, МДМА и други). Комисиското вештачење го извршиле тројца вештаци, специјалисти по судска медицина.

Видое Ристовиќ почина минатиот месец на 44-годишна возраст. Познатиот српски историчар на уметноста и колекционер, беше сопруг на хрватската водителка Николина Пишек.

Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка пронајдени во бессознание во нивниот дом

Таткото на Видое Ристовиќ: Мојот син не почина во текот на интимен однос!

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Прва изјава на Пишек по смртта на сопругот: Многу ми е тешко, пристигнав во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот