Природна стратегија за намалување на времетраењето и интензитетот на вирусни инфекции

Фото: Промо

Докажано со нова „ин виво“ студија: Со антиоксиданси против вируси

Со новата „ин виво“ научноистражувачка студија се потврдува дека производот Ge 132+ Natural може да доведе до слабеење на оксидативниот стрес.

Етичката комисија за истражување луѓе при УКИМ – Медицински факултет во Скопје, го разгледа поднесокот за изработка на научноистражувачкиот проект со наслов „Ефекти на екстракт од реиши печурка, матичен млеч, сулфурофан, ресвератрол и ликопен кај амбулантски пациенти со САРС-КоВ-2 инфекција“ на барање на виш научен соработник д-р Емилија Атанасовска од Институт за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија, Медицински факултет Скопје, и ас. д-р Катерина Спасовска од ЈЗУ УК Клиника за инфективни болести Скопје. По разгледување на поднесената документација, Комисијата (во состав на петнаесет еминентни професори, доценти, доктори) го одобри изведувањето на истражувањето.

Со новата „ин виво“ научноистражувачка студија се потврдува дека производот Ge 132+ Natural може да доведе до слабеење на оксидативниот стрес.

Во текот на корона-пандемијата сè поактуелно стануваше прашањето што, всушност, претставуваат вирусите и вирусните инфекции и кога се штетни по човековото здравје. Доста време се посветуваше на тоа како треба да се храниме, што да пиеме, како да се сочуваме од вирусните инфекции, кои витамини и минерали да ги консумираме. Сепак, вистинскиот одговор стигна од група доктори, од три Клиники на Медицинскиот факултет во Скопје, кои изработија „ин виво“ научноистражувачка студија.

Ако се надмине продукцијата на слободни радикали, тогаш доаѓа до нарушување на редокс рамнотежата и на таков начин создаваме подлога за различни заболувања. Тоа ни го покажа и пандемијата со коронавирусот. Со направените различни корелации на оксидативниот стрес, се покажало дека кај пациентите што се заразени со вирусот САРС-КоВ-2 има зголемено ниво на оксидативниот стрес.

„Докажавме дека тој индекс на оксидативен стрес може да го користиме како маркер, дијагностички или прогностички, за да видиме како ќе се развива текот на болеста“, објаснуваат докторите вклучени во студијата.

Дел од резултати се објавени во релевантни меѓународни списанија, а дел се презентирани на голем број конгреси. Докажано е дека самите антиоксиданси се тие што треба да ја регулираат редокс рамнотежата без разлика дали доаѓаат од храната или се земаат во форма на капсули. Понатаму, податоците од истражувањето покажаа дека антиоксидансите имаат потентно дејство во промената на клиничкиот одговор кај пациентот (инаку, пациентите што биле вклучени во ова истражување биле пациенти со средно тешка или лесна клиничка слика на ковид-19).
Тимот од доктори одбрал антиоксиданс што веќе претходно има докажани антиоксидативни и антиинфламаторни ефекти, односно не случајно го избрале производот Ge 132+ Natural.

Резултатите од научноистражувачката студија наведуваат и тоа дека, од друга страна, може да се создаде оксидативен стрес и како резултат на прекумерно консумирање додатоци, витамини и минерали. Затоа, докторите сметаат дека „најдобар антиоксиданс е оној што ќе ги доведе слободните радикали во нормално ниво, но треба да го одржува и вашиот ендоген капацитет, а не да го зголеми, бидејќи ако го зголеми, повторно ќе ве одведе во прооксидативен стрес“.

Заклучокот од научноистражувачкиот проект утврди дека има значајно намалување на вредностите на оние параметри што биле следени, во суштина на оксидативниот индекс, но и на вредностите од клинички аспект, односно на многу важни фактори какви што се интерлеукините. Тие биле до петпати редуцирани по употребата на антиоксидативната терапија, поточно по употреба на производот Ge 132+ Natural. „Пациентите имаа бенефит од употребата на препаратот Ge 132+ Natural, кој суштински им овозможи да имаат полесна клиничка слика“, се согласуваат докторите од научноистражувачкиот тим.

Комерцијален ПР текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот