Припадници на Армијата и МВР распоредени на три пункта во велешката болница

Фото: mia.mk

На три пункта на главниот влез во Општата болница во Велес, како и пред засебните згради на Инфективното одделение и на Одделението за физикална медицина на помош на чуварските служби на болницата во услови на пандемија со ковид-19 од четврток се и вработени од Армијата и МВР, информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова портпарол.

На прашање на МИА, дали во болницата ќе се прави довод за кислород таа информира дека таков довод ќе се направи во новата монтажна Ковид болница за која подготовките на теренот се во тек заедно со неопходните инсталациии за нејзино функционирање.

Таа информира дека во велешката болница денеска хоспитализирани се вкупно 68 пациенти од кои 56 потврдени позитивни, 7 сомнителни и 5 со негативни тестови. Од 25 пациенти се на кислородна поддршка.

На двете Ковид одделенија Инфективно и Физикално, информира дека се уште има слободни кревети. Синоќа пред полноќ починал маж од Велес на 71 година примен претходниот ден во тешка општа состојба со ниска сатурација на кислород, непотврден на Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот