Принцот Хари ги пофали британските здравствени работници

Фото: Дејли мејл

Принцот Хари им се заблагодари на британската здравствена служба и на волонтерите и кажа дека е исклучително горд на одговорот на британската јавност на епидемијата, пренесува Скај њуз.

Војводата од Сасекс во интервју за повеќе медиуми ги пофали 750.000-те волонтери кои и помагаат на Националната здравствена служба и кажа дека е „толку прекрасно британски” што толку многу луѓе ја нудат својата помош кога е таа потребна.

Хари, исто така, го пофали капетанот Том Мур, ветеран од Втората светска војна, кој на 99 години собра повеќе од 25 милиони фунти за британската Национална здравствена служба, правејќи сто круга околу својата градина.

Хари, кој во моментов живее во Лос Анџелес, кажа дека се надева оти волонтерските напори ќе продолжат и откако епидемијата ќе заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот