Принцот Ендрју во спор поради наводен долг од пет милиони фунти

Принцот и сопругата купиле луксузна вила во 2014 но не ја платиле во целост до декември минатата година.

Британскиот принц Ендру е во судски спор поради наводниот долг од 5 милиони фунти што требало да им го плати на продавачите на луксузната планинска куќа во модерното скијачко одморалиште Вербиер на швајцарските Алпи, објави „Ле Темпс“.

Според францускиот весник, војводата од Јорк и неговата поранешна сопруга Сара, војвотката од Јорк, купиле луксузна вила во Вербиер во 2014 година, но не ја исполниле својата договорна обврска да ги исплатат продавачите во целост најдоцна до декември 2019 година.

Портпаролот на британскиот принц потврди дека имало спор меѓу двете страни, но одби да даде дополнителни детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот