Принцот Чарлс, кипарскиот претседател и рускиот премиер на воената парада во Атина за 200 години од востанието за независност на Грција

Со присуство на принцот Чарлс, претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, премиерот на Русија Михаил Мишустин и министерката за одбрана на Франција Флоренс Парли , но без публика поради пандемијата, в четврток во Атина ќе се одржи воената парада за одбележување на 200 години од востанието за независност на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека се финализираат подготовките за прославата на 25 март, на воената парада, за прв пат ќе учествуваат и претставници на „сојузничките земји”, а заедно со грчките авиони, ќе летаат и американски Ф-16 и француски Рафале.

Високите гости се очекува да пристигнат ден порано, односно во среда, да одржат одвоени средби со грчкиот премиер, да го посетат реновираниот и модернизиран комплекс на Националната галерија, а претседателката на Грција ќе приреди и официјална вечера во нивна чест.

Поради ситуацијата со пандемијата во Франција, претседателот Емануел Макрон ја откажа посетата, а земјата ќе ја претставува министерката за одбрана.

Граѓаните, парадата ќе ја следат на телевизија, а според грчките медиуми, Атина ќе биде под драконски безбедносни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот