Прилепчанец запалил обложувачница

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд од Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, кој предлог беше пригфатен од Судот и со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Прилепчанец запалил обложувачница, па самиот се пријавил во полиција, вчера во Прилеп. Не се познати мотивите за запалувањето, дали на момчето му била виновна обложувачницата оти изгубил, или, пак, добил па не му била исплатена добивката.

„По поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 31.08.2020 година околу 1 часот, со пожар предизвикал поголема имотна штета во висина од 1.000.000 денари во обложувалница во Прилеп. Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска станица, ставајќи го во во пластично шише , па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 1 часот, се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол два поголеми камења и со истите скршил едно од стаклата покрај влезната врата. Осомничениот влегол во внатрешноста на обложувалницата и започнал бензинот да го истура во внатрешноста, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата. Додека бил во внатрешноста, со кибритот кој што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожар. Откако го извршил кривичното дело, осомничениот со такси возило отишол во полициска станица во Прилеп и го пријавил настанот“, велат од прилепското обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд од Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот, кој предлог беше пригфатен од Судот и со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот