Прилеп покажа заби, но немаше сили за изненадување против Еурофарм Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Maкедонскиот шампион, Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми го совлада Прилеп со 42:29 во натпревар од седмото коло во македонската Суперлигка.

Прилепчани пружија солиден отпор сепак немаа сили да приредат изненаудвање. Натпреварот пелистерци го стартуваа со комбиниран состав, а Прилеп тоа го искористи да покаже заби.

Изедначено беше до 8:8, кога Пелистер почна да се „одлепува“ и да создава поголема разлика. На пауза се замина со 18:14 во корист на фаворитот.

Еурофарм Пелистер во второто полувреме заигра уште подобро и само го зголемуваше водството за на крајот да слави и убедливо со 13 голови разлика.

Костески и Ѓорговски беа најефикасни кај Еурофарм со девет голови, додека Квастек за Прилеп постигна десет. Осмото коло од Суперлигата го носи големото дерби помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот