При претрес во Струмица пронајден хероин, дилерот приведен

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера го лишиле од слобода П.П. (39) од Струмица.

Имено, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со хероин.

-Тој бил задржан во Полициска станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против П.П. ќе биде поднесена соодветна пријава и во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот