Преживеан патник од возот во Грција: Хорор, огнот беше насекаде, вистински хаос

Грција воз / Фото: Sakis MITROLIDIS / AFP / Profimedia

Најмалку 32 лица загинаа, а 85 се повредени при судар на возови во близина на грчкиот град Лариса околу полноќ, соопштија пожарникарите. Во централна Грција се судрија патнички и товарен воз, а спасувачките екипи ги извлекуваат патниците од згмечените вагони. Еден од преживеаните ги раскажа ужасните искуства.

„Слушнавме голема експлозија“, рекол патникот Стерјос Миненис, а пренесува агенцијата Ројтерс.

„Беа десет секунди ужас. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна и метежот престана. Потоа настана паника. Огнот беше насекаде… Десет или петнаесет секунди беше хаос. Превртување, пожари, закачени кабли, скршени прозорци, луѓе што врескаат, луѓе заробени“, рече тој.

Властите соопштија дека евакуацијата е сѐ уште во тек.

„Евакуацијата на патниците е во тек во многу тешки услови со оглед на сериозноста на судирот на возот“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакојанис.

Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за „ТВ СКАИ“ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во судирот, додека првите два вагони, кои се запалиле, биле „речиси целосно уништени“.

Гувернерот рече дека два воза се движеле еден кон друг по истата пруга. „Тие патуваа со голема брзина и еден возач не знаеше дека другиот доаѓа“, рече тој.

„Тоа беше многу моќна несреќа. Ова е страшна ноќ… Тешко е да се опише сцената”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот