Претседателот на Тунис ја продолжи суспензијата на Парламентот

Каис Саид фото МИА

Претседателот на Тунис, Каис Саид денеска објави на Твитер дека е продолжена суспензијата на Парламентот, како и пратеничкиот имунитет.

Тој наведе дека следните денови ќе се обрати до нацијата.

Саид на 25 јули презеде серија вонредни мерки, го разреши премиерот Хичем Мечичи, ја презеде неговата функција и го суспендира Парламентот на 30 дена.

Оттогаш отпушти десетици владини претставници, а неколку критичари на претседателот беа уапсени или се во домашен притвор.

Саид, поранешен професор по право, тврдеше дека мерките се во согласност со Уставот, а неговите противници ги оценија како државен удар.

Извор: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот