Претседателот на Реал Флорентино Перез негираше дека ги поткупил судиите

фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против поранешниот комесар на шпанската полиција Хозе Мануел Виљарехо, кој изјавил дека претседателот на мадридскиот тим Флорентино Перез ги поткупил судиите, пренесува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Во понеделникот, за време на гостувањето на каталонската радио станица „RAC1“, Виљарехо рече дека Перез ги поткупил судиите.

– Тоа се случи пред еден од натпреварите со Барселона. Перез е едноставно недопирлив и невозможно е да се гони – изјави Виљарехо.

Клубот од Мадрид брзо реагираше на изјавите на поранешниот полициски комесар.

– Претседателот на Реал Флорентино Перез побара веднаш да се покрене соодветна правна постапка против поранешниот комесар Виљарехо поради лажните обвинувања на каталонското радио RAC1“ – се вели во соопштението на Реал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот