Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас: Јас сум навивач на Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас предизвика скандал во шпанскиот фудбал откако призна дека е фан на Реал Мадрид.

Тебас и онака подолго време нема најдобар однос со Барселона и нејзиниот прв човек, Жоан Лапорта, посебно тоа е изразено во последниот период во кој Барселона во центарот на голем скандал со наводна корупција на судиите.

Сега пред неделното „Ел Класико“, Тебас отворено призна дека е навивач на Реал Мадрид.

„Дали првенството е одлучено? Јас сум „Мадриста“, Реал веќе достигна неколку поени разлика, а до крајот има уште многу. Замислете што ќе биде ако Реал победиво „Ел Класико“, ќе биде многу блиску“, изјави Тебас.

Барселона во овој момент на табелата има девет бодови предност пред „кралевите“ и нивна евентуална победа ќе биде огромен чекор напред кон освојување на титулата.

Нов скандал во Шпанија: Перез заклучил судија со кој јавно се расправал во ТВ емисија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот