Претреси во Чаир и Никиштани, приведено едно лице за тешка кражба

Фото: МВР

Едно лице е приведено по претреси на полицијата во Чаир и Никиштани. Во домот на приведениот се пронајдени предмети поврзани со извршено кривично дело.

„По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје открија криминална група која на 25.07.2023 изврши тешка кражба во дом на ул.„Ловќенска”, при што беше одземен сеф. Имено, по преземени мерки е констатирано дека тие со употреба на сила и подесен алат влегле во домот и го извршиле делото. По консултација со јавен обвинител и по добиена судска наредба извршен е претрес на неколку локации на подрачјето на Чаир и Никиштани, скопско, при што биле пронајдени предмети поврзани со извршеното кривично дело. Притоа, од слобода бил лишен А.М.(24) од Никиштани, додека за останатите лица кои го извршиле делото се распишани расписи“, информираат од МВР.

МВР најави дека по комплетно документирање на сите докази, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по членот 236 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот