ПРЕСЛАТКА: Принцезата Шарлот прваче, еве КОЛКУ ЧИНИ школувањето (ВИДЕО)

Profimedia

Принцезата Шарлот тргна во прво одделение. Во училиште дошла со мајка ѝ Кејт Мидлтон и татко ѝ Вилијам.

Изгледа преслатко во униформата, а со двете раце ја држела мајка си додека влегувале во приватното училиште во Лондон, каде што една година чини 6.305 фунти.

Кралското семејство го пречекала директорката Хелен Хаслем, а принцот Вилијам ѝ рекол дека ќерка му е „многу возбудена“.

Princess Charlotte, Prince George
Profimedia

За родителите да ја заштитат и да биде рамноправна со другите деца, во дневникот ќе биде запишана како Шарлота Кембриџ, без никакви титули.

Брат ѝ Џорџ ќе има задача да се грижи за сестра си и да ѝ помогне да се навикне на обврските. Извор близок до кралското семејство открил дека малиот принц е исклучително заштитнички настроен кон својата сестра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот