Прекрасната Џенифер Анистон со емотивен говор им се заблагодари на „Пријателите“ (ВИДЕО)

Фотографија: Profimedia

Џенифер Анистон на доделувањето на наградите People’s Choice беше прогласена за „иконски лик“. Наградата ѝ ја врачи Адам Сендлер, кој ја опиша како една од најдобрите пријателки, која не само што е физички прекрасна, туку и неверојатно грижлива жена, вистински пример и жена со огромно срце.

Profimedia

За време на нејзиниот говор таа изјави дека не би можела да биде денес овде без помош од нејзините неверојатни „Пријатели“.

„Доколку имам било какво право на тоа да си го присвојам овој збор „икона“, тоа е само поради тоа што имав можност да бидам дел од „иконска“ култна серија, со „иконски“ ликови и „иконска“ фризура“, изјави Џен во својот говор додека ја примаше наградата.

Погледнете го емотивниот говор на Џенифер:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот