Предупредувачки тонови од СЗО и од УНИЦЕФ: Една од четири болници во светот нема пристап до чиста вода

Тедрос Аданом Гебрејсус / Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Во една од четири здравствени установи во светот нема редовен пристап до чиста вода. Како резултат на тоа, околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од зараза со ковид-19 и други инфекции, се вели во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ).

– Околу 1,8 милијарди луѓе се изложени на зголемен ризик од заразување со ковид-19 и други болести, бидејќи користат или работат во здравствени установи што немаат основни услуги за вода. Водата, канализацијата и хигиената се од витално значење за безбедноста на здравствените работници и на пациентите, но не секогаш на тие услуги им се дава приоритет, се вели во извештајот.

Најтешка е состојбата во 47-те најмалку развиени земји во светот.

СЗО и УНИЦЕФ се залагаат за поголеми инвестиции во вода, во санитарни услови и во хигиена, нагласувајќи дека тие услуги се особено важни за ранливото население, особено бремените жени и децата.

Авторите на извештајот проценуваат дека решавањето на проблемот со водата во болниците и здравствените центри во најмалку развиените земји бара инвестиција од само еден долар по глава на жител во тие земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот