Позната Кинезинка изврши самоубиство: Била пријателка со Хилари Клинтон, а со бебето скокнала од балкон

Млада Кинезинка умрела во Хонгконг откако паднала од балонот на својот пентхаус, при што со неа паднала и нејзината ќерка стара пет месеци.

Луо Лили (34), која се дружела со американската политичарка Хилари Клинтон и пејачката Рита Ора, наводно скокнала со своето бебе од балконот бидејќи патела од постпородилна депресија, според извештаите на локалните медиуми.

Како единствена ќерка на Луо Лин, тајкун со недвижнини кој поседува повеќе проекти за луксузен развој во Кина, Луо Лили од мали нозе живеела раскошно, студирајќи и патувајќи околу светот.

Полицијата во Хонгконг го пронашла телото на 34-годишната жена и нејзината петмесечна ќерка на дното во станбениот блок изминатата среда во населбата Јау Ма Теи, потврдила полицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lili Luo (@lili3luo)

– На лице место е потврдена смртта на жената и девојчето. Првата истрага откри дека паднале од станот. На место на настанот не е пронајдено ништо. Ќе се направи посмртно преглед за да се утврди причината за смртта на починатите, рекла полицијата која се уште го истражува инцидентот.

Полицијата ја идентификувала загинатата жена само по нејзиното презиме Луо.

Се смета дека Луо, самохрана мајка, си го одземала својот живот и на детето заради депресија, известуваат медиумите од Хонгконг.

Луо изгледала како да ужива во екстравагантниот живот, бидејќи често ја гледале со влијателни личности низ целиот свет, вклучувајќи ја и бившата американска државна секретарка Хилари Клинтон и британската поп ѕвезда, Рита Ора.

Во една од последните објави на Инстаграм таа споделила слика со својата ќерка и напишала „Ти благодарам што се појави во мојот живот, моја сакана ќерко“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот