ПОЗЛАТЕНИ ЧЕШМИ И 70 СОБИ: Моделот со балканско потекло слави роденден со ГРАНДИОЗНА ЗАБАВА

тамара еклстон
Фото: Инстаграм

Богатата наследничка Тамара Еклстон полни 35 години. Таа е ќерка на британскиот Ф1 магнат Берни Еклстон и поранешната хрватска манекенка Славица Еклстон.

Роденденот ќе го слави цела недела, а сето тоа ќе биде на „висока нога“ и многу луксузно.

Таа стекна голема популарност кога беше водителка на реалното шоу „Тамара Еклстон: Девојка од милијарда долари“, кога на сите им покажа како живеат богаташите.

Во шоуто ја покажа и својата куќа со 70 соби, со позлатени чешми во тоалетите, домашни помошници и работници ангажирани за да ги шетаат нејзините кучиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот