Пожар во хотел во близина на Пловдив, итно евакуирани над сто деца

Бугарска полиција, Бугарија
Бугарска полиција / Фото: Artur Widak/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град.

Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала многу брзо. Хотелот е еден од популарните спа центри во областа на планинскиот парк „Хижа Здравец“.

Во гаснењето на пожарот се вклучени седум тимови на пожарникари. Според бугарската полиција, пожарот најверојатно избувнал во помошна просторија во хотелот. Локалните медиуми прецизираат дека пожарот избувнал во котларата и зафатил голем дел од зградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот