Пожар во Ѓорче Петров близу куќи спроти бензинската на „Макпетрол“

пожарникари скопје треска (12)
Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Центарот за управување со кризи објави дека на бројот 112 е примена дојава за пожар во населбата Ѓорче Петров од левата страна на реката Вардар. ЦУК додава дека веќе интервенира Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

– Во ЦУК на 112 е добиена пријава за пожар во населба „Ѓорче Петров“, покрај мостот, карши бензинската пумпа на „Макпетрол“, лева страна на реката Вардар. Во близина има куќи. БППЗ Скопје се известени, веќе интервенираат и најверојатно ќе биде изгаснат за кратко – соопшти Центарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот