Повторно обединување со Чави? Иниеста најави враќање во Барселона!

10 Декември 2020/фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Легендата на шпанскиот фудбал и Барселона, Андрес Иниеста кој во последните четири години настапува во Јапонија во дресот на Висел Кобе најави враќање во Барселона.

Иниеста не ја крие желбата да се врати во Барселона во било која улога. Уште една година ќе остане во Јапонија, а потоа може да следи обединување со Чави Ернандез во Барселона.

„Уште една година ќе бидам во Јапонија, а потоа не знам што ќе се случувам. Сакам да се вратам во Барселона, не знам во која улога би било тоа: Тренер, спортски директор или нешто друго…Секако ќе мора да поработам на тоа кога ќе дојде време. Сега се уште сум фудбалер и сконцентрирам сум на настапите за мојот тим“, изјави Иниеста.

Враќање во Барселона додека е Чави таму за навивачите би било потсетување на деновите кога овој тандем доминираше на средината на теренот и носеше успех на Барселона.

Новинарите го запрашаа Иниеста и за можното враќање на Лионел Меси кое се споменува низ медиумите.

„Дали очекувам Меси да се врати во Барселона? Мене ми изгледа како тешка и далечна работа во овој момент, сепак фдбал е и се е можно“, порача Иниеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот