Повторно кучиња скитници нападнаа во Центар и Аеродром

Маж и жена од Скопје се новите жртви на кучиња скитници. Тие биле нападнати во Центар и Аеродром. Во овие две населби, во изминатиот период се случија серија напади од кучиња скитници кон пешаци.

Вчера во 12.20 часот во Полициската станица Центар, С.С.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11.15 часот на плоштад „Македонија“ била касната од куче скитник за десната потколеница.

Во 21.00 часот во полициската станица Аеродром, М.Ш.Л.(42) од Скопје пријавила дека на булевар „АВНОЈ“ била касната од куче скитник за левата рака.

Видео на денот